Cтpaшнa пpиpoднa kaтacтpoфa вo Индија: Глeчep ce oтkинa oд нajвиcoкиoт вpв и пpeдизвикa пoплaвa – нaд 200 лицa ce иcчeзнaти, се тpaгa пo жpтвитe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега се пронајдени 19 тела додека пак, бројот на исчезнати по вчерашните лавина и поплава во индискиот дел на Хималаи се зголеми на 200.

Несреќата се случила откако дел од глечер се откинал од Нанда Деви, вториот највисок врв во Индија, предизвикувајќи порој од вода и карпи низ планинска долина, кој на свој пат уништи една и тешко оштети друга брана, но и домови и мостови.

Најголем дел од исчезнатите се вработените во овие две хидроцентрали, изградени длабоко во планините во сојузната држава Утараканд, како дел од плановите за развој на областа.

“Досега имаме 202 исчезнати луѓе”, изјавија локалните власти.

Засега е непознато што го предизвикало откинувањето на глечерот, а експертите предупредуваат дека минатата недела имало силни снежни врнежи во овој предел, па од таму можно е дел од снегот да почнал да се топи, што довело до лавина.

Повеќе од 2.000 припадници на војската и други служби учествуваат во спасувањето. Нивните напори најмногу се насочени кон 2,5 километри долг тунел, каде што се верува дека има десетици заробени работници.

Мохд Фарук Азам, професор по глациологија и хидрологија на Индискиот технолошки институт, изјави дека многу ретко се случува вака да се откине глечер.

Тој додава дека сателитските снимки не покажуваат дека има леднички езера во регионот, но постои можност да има водени џебови, кои се како езера во склоп на глечер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This