Cтpeлeцoт пoд гoлeм пpитиcoк, Вaгaтa пoдгoтвeнa дa вкycи нoви љyбoвни зaдoвoлcтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Можеби сакате да ја менувате работата. Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате во моментов. Не ви се допаѓа ситуацијата која ја имате во односот со партнерот. Не ви е лесно да донесете одлука. Внимавајте на жолчката.

БИК

Очекувајте зголемување на заработувачката во следниот период. Задволни сте од својот статус на ова поле. Надевајте се на состанок со личноста која ќе покаже дека има чувства кон вас. Чувствителен урогенитален тракт.

БЛИЗНАЦИ

Нервозни сте и не ви е лесно да се поттикнете кога е во прашање работата. Имате впечаток дека можностите ви се ограничени. Времето кое го минувате заедно со саканата личност многу ви значи. Водете сметка околу течностите.

РАК

На полето работа многу работи не одат онака како што сте планирале, но наоѓате решение. Сонувате за личност која ви се допаѓа од пред извесен период. Доаѓа вистински момент да направите прв чекор кон неа. Пад на имунитетот.

ЛАВ

Можно е наскоро да добиете некоја понуда во врска со странство. Постепено може да остварите подобра комуникација со личноста која ви значи. Настапува поволен период за љубов. Проблеми со синусите.

ДЕВИЦА

Ако сте без работа, наскоро ви доаѓа помош или препорака која ви отвора нови можности. Ве очекува средба со личноста која би можела да го привлече вашето внимание и во вас да разбуди интересување. Многу добро здравје.

ВАГА

Подготвени сте да се посветите на работата и да остварите најдобри можни резултати за да напредувате. Можна е нова врска кај вас. Подготвени сте да вкусите нови љубовни задоволства. Пукање на капиларите.

ШКОРПИЈА

Сте дошле до момент во кој ќе ви биде неопходно да донесете некои конкретни одлуки на полето работа. Сакате да ја задржите саканата личност крај себе, иако односот не е добар. Наклонети сте кон качување на тежината.

СТРЕЛЕЦ

Под голем притисок сте и не ви е лесно да излезете на крај со сите обврски. Неопходна ви е поддршка од саканата личност за работата. Сметате дека е неопходно да биде со вас во овие тешки ситуации. Болки во зглобовите.

ЈАРЕЦ

Не сте доволно сконцентрирани и лесно може да правите нови грешки на работното поле денеска. Можно е да не сте заинтересирани за нови познанства. Постои личност за која на некој начин и понатаму страдате. Осцилации во расположението.

ВОДОЛИЈА

Многу сте посветени на работата и важно ви е да постигнете стабилност на ова поле. Имате прилика да го обновите контактот со личност од минатото. Во следниот период ќе бидете наконети кон враќање на стара љубов. Проблеми со забите.

РИБИ

Немојте да очекувате преголеми промени на полето работа. Ве очекува статична ситуација. Имате добар однос со саканата личност и задоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. Внесувајте повеќе калциум и магнезиум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This