CУДИРИ МЕЃУ ДЕМOHСТРАНТИТЕ И БEЗБEДНОСНИТЕ СИЛИ: Шест лица зaгинати меѓу кои и двајца полицajци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестмина Ирачани, меѓу кои и двајца полицајци, беа убиени денеска во Багдад и во другите градови каде избувнаа судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, пренесе Ројтерс.

 

 

Тројца демонстранти загинаа во болницата во Багдад, откако полицијата отворила оган на плоштадот Тајаран. Четвртиот демонстрант е убиен во шиитскиот свет град Кербала. Демонстрантите фрлале молотови коктели и камења кон полицијата, кои одговориле со солзавец.

Во Басра, двајца полицајци загинале , откако биле прегазени од патнички автомобил. Возачот се обидел да избегне удар во полицајците и демонстрантите, но сепак налетал на двајца полицајци.

Во јужниот дел на Ирак стотици демонстранти палеа гуми и ги блокираа големите автопати во градовите Насириј, Кербала и Амара. Полицијата соопшти дека ги деблокирала патиштата. Додадоа и дека 14 полицајци се повредени во близина на плоштадот Тахрир.

Од 1 октомври минатата година, ирачките граѓани протестираат и бараат целосна промена во политичкиот систем што го сметаат за корумпиран и одговорен за сиромаштијата во земјата. Повеќе од 450 луѓе се убиени од почетокот на немирите. Бројот на демонстранти оттогаш се намали, но немирите се интензивираа по иранско-американскиот конфликт и убиството на Касем Сулејмани, еден од најважните генерали на Техеран во Ирак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This