April 25, 2024, 12:40 am

C3O 3aгpижeни: Kopoната зема 3aмав, расте бројот на 3apa3eни и починати во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заразени со Ковид-19 расте насекаде во светот, а некои земји започнаа да воведуваат построги мерки и забрани. Големо зголемување на бројот на инфицирани и починати има и во регионот. Светската здравствена организација објави дека ситуацијата со коронавирус во Европа предизвикува голема загриженост.

Развојот на пандемијата на Ковид-19 во Европа е многу загрижувачки, иако ситуацијата не е како во март и април, предупреди европскиот огранок на СЗО.

„Бројот на случаи расте секој ден, како и бројот на приеми во болница. Ковид сега е петта причина за смрт и е достигнат прагот од 1.000 смртни случаи на ден”, рече Ханс Клуж, директор на европскиот огранок на Светската здравствена организација, на онлајн прес-конференција.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 793 нови случаи на инфекција од коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 3.562.Починаа 10 лица, што е најголем број на смртни случаи во последните 24 часа од почетокот на епидемијата.

Вчера беа регистрирани девет починати и рекордни 445 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This