April 20, 2024, 12:19 am

CAДИCTИCTИЧКИ НАРАЧКИ ЗА OБBИHЕТИТЕ ОД 27.АПРИЛ: Кој се има функција во владата на Заев – портпаролот на телото за реформи во судството и командирот на зaтвopoт Шутка „спремале дочек“ за луѓето од 27.април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали граѓаните знаат кој се доби функција во власта на Заев? Доколку не од една кратка преписка на Фејсбук профилот на портпаролот на телото за реформи во правосудството во Владата на Заев на граѓаните се ќе им стане јасно. Имено станува збор за Фејсбук профилот на Љубиша Станковиќ, портпарол на владиното тело за реформи во судството и новинар во (Вице) ТВ 24 кој иако спротивно на законите ги коментира последните случувања поврзани со судењето за настаните од 27 април, со што дефакто извршната власт врши притисок на судската.

Станковиќ ги коментира сведоштвата на Нинџа поврзано со 27 април по што вели дека на неколку од обвинетите за настаните од 27 април наместо адвокат ќе им биде потребен поп, односно помеѓу редови отворено им се заканува со смрт. На ваквиот негов Фејсбук пост се надоврзува и коментира Жарко Милошевиќ кој е командир на затворот во Скопје кој вели дека ,, гнасата Бришковска ја чекам’’, на што членот на телото за реформи во правосудството коментира дека ,,и други ја чекале’’

Имено истиот тој Станковиќ со затвор му се заканува на Фејсбук и на екс Јавниот Обвинител Марко Зврлев, за кој редовно коментира дека му се ближи денот за во затвор.

Сега уште еднаш го поставуваме прашањето до нашите гледачи, какви се садисти и психопати добија функција во власта на Заев? Дали Станкович кој се заканува со убиство и инсинуира затворските казни за екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ и државни чиновници е човекот кој ќе спроведува реформи во правосдуството или пак може да се очекува од началник на затвор кој се заканува на обвинети да има хуман третман кон своите затвореници?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This