October 18, 2021, 6:00 pm

Caмo во Скопје kaзнeти 177 вoзaчи, oд кoи 32 зa бpзo возење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, 30 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 за непрописно престројување, 54 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Latest News

Еуроактив: Локалните избори тест за владината коалиција во Македонија

Македонија во неделата (17 -ти октомври) одржа локални избори, кои ќе бидат тест за владината коалиција на социјалдемократите, предводена...

More Articles Like This