November 28, 2020, 3:48 am

Caтeлитcки cнимки пoкaжyвaaт изгpaдбa на иpaнcки нyклeapeн oбjeкт

Поврзано

Лекари kpaделе оpгани од мpтви пациенти во Кина

Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните...

Xakeрски нaпaд врз произведувачот на вакцина AstraZeneca

Хакери од Северна Кореја се обиделе да продрат до уредите на британската фирма AstraZeneca, разработувач на една од вакцините...

Нов виpyc се шири низ Кина, предизвикува диjapeа и повpaќање, нajпогодeни децата

Во југозападната кинеска покраина Сичуан се шири норовирусот, со кој заразени се над 50 деца. Вирусот се појавил во градинка...
- Advertisement -

Иран започна со изградба на својот нуклеарен објект Натанц, покажуваат сателитските снимки објавени во средата во момент кога нуклеарната агенција на ОН призна дека Техеран гради напредна подземна фабрика за склопување центрифуги откако последната експлодираше како резултат на саботажа минатото лето, пренесува „Њујок пост“.

Изградбата се случува во период кога САД се приближуваат до денот на изборите на која силите ќе си ги одмерат актуелниот претседател Доналд Трамп, чија максимална кампања на притисок против Иран го натера Техеран да ги напушти сите ограничувања на својата атомска програма, и Џо Бајден, кој изрази подготвеност да се врати на нуклеарниот договор. Исходот од гласањето најверојатно ќе одлучи кој пристап ќе го прифатат САД.

Зголемените тензии меѓу Иран и САД за малку ќе испровоцираа војна на почетокот на годината.

Од август, Иран гради нов или пренаменува постар пат јужно од Натанц кон, според аналитичарите, поранешен полигон на безбедносните сили во објектот за збогатување ураниум, покажуваат снимките од „Планет лабс“ со седиште во Сан Франциско. Сателитската снимка од понеделникот покажува дека локацијата е расчистена и таму има градежна опрема.

Аналитичарите од Центарот за проучување на нуклеарното оружје „ Џејмс Мартин“ при Институтот за меѓународни студии во Мидлбери веруваат дека на ова место се вршат ископувања.

„Тој пат оди и во планините, па може да значи дека тие копаат некаква конструкција што ќе биде во предниот дел и дека ќе има тунел на планините“, вели Џефри Луис, експерт во институтот што ја проучува иранската нуклеарна програма.

Мисијата на Иран во ОН не одговори на барањето за коментар. Али Акбар Салехи, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран, минатиот месец за државната телевизија изјави дека уништениот надземен објект се заменува со објект во срцето на планините околу Натанц.

Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, во вторникот изјави дека неговите инспектори се запознаени со градбата. Тој рече дека Иран претходно ги информирал инспекторите на МААЕ, кои продолжуваат да имаат пристап до локациите во Иран и покрај распадот на нуклеарниот договор.

„Тоа значи дека тие започнале, но не е завршено. Тоа е долг процес“, рече Гроси.

Latest News

Тасевски до Захариева: Вашето минато нема да го зaборават синовите и внуците на оние отceчени глави со кои сте се сликале како администратори

Актерот Сашо Тасевски ја потсети минитерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за злостортвата што ги правеле „администраторите“...

Дишеме отpoв: Енормно зaгадување во неколку градови во Македонија

Во главниот град и вечерва не се дише поради енормното аерозагадување. Мерната станица во Ново Лисиче повторно покажува највисоки вредности, дури 435 ПМ 10...

Доктор од Охрид пoчинa од ковид-19

Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, денеска во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник,...

Лекари kpaделе оpгани од мpтви пациенти во Кина

Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните медиуми. Криминалната група ги лажела семејствата...

Владата дeмaнтиpa дека Заев се договорил со Бугарија

Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов "Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување...

More Articles Like This