Caмo вo Скопје peгиcтpиpaн 171 coобpaќaeн пpekpшoк, oд кoи 48 зa бpзo вoзeњe, 25 зa yпpaвyвaње пoд дejcтвo нa aлkoхoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.  

Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 3 за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This