Caмo тиe ќe имaaт пpaвo нa нopмaлeн живoт: Вakциниpaнитe ќe мoжaт дa кopиcтaт jaвeн пpeвoз, pecтopaни, cлoбoднo дa ce движaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Франција ќе се носи нов закон со кој граѓаните кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 ќе имаат привилегии во однос на останатите. Имено, во Собранието, веќе од понеделникот е доставен овој закон, кој француските власти го нарекоа „Зелен вакцина пасош“, а со кој на граѓаните кој ќе ја примат вакцината ќе им биде овозможено да влегуваат слободно во рестораните, културните институции, да го користат јавниот превоз и да се движат слободно и на други јавни места.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, францускиот премиер, Жан Кастекс, го доставил законот со кој се предвидува токму премиерот да има право да одобри движење на лицата врз основа на тест со кој се утврдува дека лицето не е заразено или по превентивен третман кој вклучува вакцинација против коронавирус.

Дебатата за тој закон започна минатата недела, кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување на таканаречен „зелен пасош“ за луѓето кои се вакцинирани, со образложение дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.

Истовремено, лидерката на опозициската екстремна десница, Марин Ле Пен со објава на Твитер посочи дека нејзината партија никогаш нема да дозволи на владата присилно да воведе нешто што не успеала да го наметне со доверба и дека граѓаните кои не се вакцинирани не смеат да се сметаат за граѓани од втор ред.

Инаку, според последните анкети, многу е мал процентот на граѓаните во Франција кои би се вакцинирале. Сепак, со усвојувањето на овој закон, Франција би била првата земја во Европа која би вовела вакви „ зелени пасоши“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This