CBEДОК НА СТЕВАНОВА: Издавањето и сликањето за лични карти го правев законски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ацко Секулоски, референт по патни исправи во Кичево, на денешното рочиште на „Титаник“ на прашање на обвинителката Лиле Стефанова истакна дека во периодот 2012 и 2013 сите предмети на сите лица кои дошле да се сликаат ги примил и обработил согласно законот.

Ова негово тврдење само ги потврди и претходните сведочења на референтите од другите градови кои сведочеа на претходните рочишта. Неговиот колега од Кичево, сведокот Газменд Ризмани, исто така потврди дека била законска процедурата и дека се консултирал со своите претпоставени кои исто така му го потврдиле истото.

Иако очигледно во добра координација со Стефанова, сведокот Жанета Заец од Ресен сепак не можеше да каже по која законска одредба имала пристап за проверка на лица во избирачкиот список кој не е ѝ службено достапен по ниту еден основ. Заец пред судот призна дека се издадени лични документи само на позитивно одобрени баратели додека пак сите останати биле тргнати на страна и не добиле лични карти. Жанета Заец и Агрон Кранлиевски како сведоци на Стефанова, во нивните првични искази признале дека имале увид во избирачкиот список иако како вработени во МВР на истото немале право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This