Ceдницa нa Coвeтoт зa бeзбeднocт нa Србија зa cитyaцијaтa вo Кocoвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи седница на која ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, пишува Радио Слободна Европа.

Повод за седницата е одлуката на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Косово, која во соработка со косовската полиција почна да се спроведува вчера, во врска со реализацијата на Бриселскиот договор меѓу Косово и Србија за слободата на движењето.

Во општините во северно Косово со мнозинско српско население досега беше можно да се возат автомобили со регистарски таблички со градовите во Косово кои ги издава МВР на Србија, што не беше во согласност со спогодбата од Брисел.

Врз основа на одлуката на МВР на Косово, граѓаните кои имаат српски регистарски таблички сега мора да земаат пробни таблички кога влегуваат на територија на Косово.

Досега граѓаните на Косово со таблички со ознака РКС (Република Косово) исто така плаќаа за пробни таблички при влез на територија на Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This