Ceдницa нa Bлaдaтa вo 12 чacoт – eвe кoи тoчки ќe бидaт oпфaтeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска ќе ја одржи редовната 71-ва седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на седницата, меѓу другото, ќе биде разгледан Предлог- законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Maкедонија и Владата на Република Франција кој се однесува на основањето и на активностите на Француската агенција за развој, на Пропарко и на Експертиза Франција во Република Македонија.

Пред министрите, за разгледување и усвојување ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година, во која се предлага како и досега, со оглед на состојбата со коронавирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните, на пензионерите како најранлива возрасна група, исплаќањето на пензиите за мај да се изврши во групи.

На денешната редовна 71-ва седница, со почеток во 12:00 часот, меѓу останатите точки, на дневен ред, за разгледување е и Информацијата за програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Македонија, предложена од Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

Пронајдено мpтво машко тeло во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница....

More Articles Like This