Ceдyм лицa ги зaгyбиja живoтитe вo двe лaвини нa фpaнцycкитe Aлпи

Поврзано

- Advertisement -

Седум лица загинаа денеска во две лавини на француските Алпи, соопштија властите, кои вчера предупредија за нестабилност на снежните покривки поради затоплување.

Првата смртоносна лавина започна доцна наутро во општина Валоар, на превојот Галибие, на надморска височина од 2.642 метри. Четири лица на возраст од 42 до 76 години од областа Гренобл ги загубија животите.

Две групи планинари, во кои имало три, односно две лица, биле затрупани, а само едно лице преживеало откако било пронајдено од службата за спасување. Таа личност помина неповредена.

Во потрагата по жртвите учествувале шестмина припадници на Службата за спасување на планина, два хеликоптера и две кучиња трагачи.

Втората лавина се случи околу 14 часот на планината Пури висока 3.799 метри, во планинскиот венец Ваноиз. Три лица загинаа, соопшти полицијата.

Властите во петокот предупредија на опасност од лавини, кои се „многу високи” викендов, бидејќи деновиве паднаа големи количини снег, по што се случи затоплување.

Пет лица го загубија животот во понеделникот во две лавини во областите Исереу и Високите Алпи.

Од почетокот на сезоната 2020/2021 година, пред овие лавини, во слични околности беа убиени 28 лица, објави Државната организација за истражување снег и лавина (АНЕНА), која секоја година објавува податоци за настрадани. 

Latest News

Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум: Како можеме да ја зајакнеме регионалната cолидарност во поглед на научените лекции?

Во рамки на учеството на претседателот Стево Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум кој се одржа на тема: „Иновативна дипломатија:...

More Articles Like This