Ceкoj тpeт зapaзeн вo Бугарија е oд дeлтa cojoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека има промена во трендот на ширење на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија.

Канчев истакна дека е запрено намалувањето на новозаразени лица со Ковид-19 и оти сега секое трето лице е заразено соделта сојот. Според него, постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август.

Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот земјите со активен туризам – Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.

„Во моментов, на 14-дневна основа, случаите во Бугарија се 141 на еден милион луѓе, во Велика Британија има 8.300, а во Кипар – 15.000 на еден милион луѓе“, додаде Кунчев.

Според него, сепак, доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 проценти од случаите во Европа.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This