October 30, 2020, 10:53 am

Ceмeјcтвoтo Фетаху од Тетово бapa пoмoш: Живeaт вo cиpoмaштиja, pacпaднaтa кyќa и кpoв кoj пpoкиcнyвa

Поврзано

Вицепремиерот Битиќи не поднел Анкетен лист за имотната состојба во Aнтиkoрупциска

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа...

Продолжува рacправата за ребаланс на буџетот, мерките од четвртиот пакет ставени на чекање

Ребалансот на Буџетот за 2020 година, втор за годинава, од вчера е на пленарна седница во Собранието. Неговото носење ја...

ЈП „Водовод и канализација“ со акција за исплата на долгови бeз камата за зaдоцнето плаќање

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција...
- Advertisement -

Куќа која прокиснува при секој пообилен дожд и ѕидови речиси распаднати. Вака живее 4-членото семејство Фетаху од Тетово. Покрај реката Пена, во населбата Горна чаршија секој ден можете да го видите домаќинот Ружди како седи надвор и ги впива сончевите зраци. Тој чека надворешната топлина барем малку да ги стопли неговите коски, бидејќи куќата во која живее нема елементарни услови за живот. Ѕидовите се секогаш влажни, а се шири и непријатна реа од маглата. Со социјалната помош што ја земаат, семејството Фетаху едвај успеа да го помине месецот.

Ружди Фетаху: 32 години сме тука и многу е лошо бидејќи има многу влага. Барем некој да ми помогне да го средам тоа. Кога врне е уште полошо, ставаме корита, но сепак водата влегува внатре. И кога не врне, ѕидовите се со влага. Принудени сме да ја оставаме вратата отворена бидејќи се шири лоша миризба. Барем некој да може да ни помогне. Не работиме, живееме од социјална помош од 4.900 денари.
ТВ21: Само оваа соба ја имате?
Ружди Фетаху: Имаме уште една, но и таму не можеме да седиме сите четворица. Тука седиме. Нема каде да спиеме, јас со девојчето таму спијам, а момчето и сопругата тука, бидејќи целата куќа е со влага.

Асим, синот на Ружди, вели дека во оваа куќа не може да се живее. Тој се обидува да собира железо, картон и пластични ќесиња за да заработи некоја пара. Се труди да најде сигурна работа, но не успева. Асим вели дека секогаш кога паѓа дожд се во опасност, бидејќи водата допира и до електричната мрежа.

ТВ21: Дали работиш некаде?
Асим Фетаху: Не, не работам никаде. Кога ќе најдам некоја работа сечам дрва, собирам железо, картони, но немам друга работа. И џамијата ми помага. Би сакал градоначалничката на Тетово, Теута Арифи да дојде и да види како живееме и да види како водата влегува во куќата.
ТВ21: Дали стравувате дека куќата може да се урне?
Асим Фетаху: Од другата страна само што не паднал ѕидот, а од оваа страна пак водата влегува внатре.

Го оставивме семејството Фетаху со надеж дека еден ден и тие ќе имаат сигурен кров над глава. 72-годишниот Ружди вели дека не сака да замине во вечното почивалиште и да ги остави ќерката и синот да живеат во вакви тешки услови.

Извор: ТВ21

Latest News

Научник кoj двa пaти ce caмoзapaзи co Koвид-19: Нaдeжитe зa „имyнитeт нa cтaдo“ ce зaлyдни

Професор кој по втор пат се замозарази со коронавирус со цел да ја проучи ефикасноста на стекнатите антитела, вели...

Германија pyши цpни peкopди: Hajвиcoкo днeвнo згoлeмyвaњe нa нoвoзa6oлeни од пoчeтoкот на пaндeмиjaтa

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција со коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“, и тоа е највисоко дневно зголемување од почетокот...

Пpивeдeн 25-годишен скопјанец бapaн co пoтepницa

На 29.10.2020 во 18:20 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка-Отсек за потрага во населба Триангла го привеле Г.К. (25) од Скопје по...

Пpиjaвa зa дoзвoлa зa германската вakцинa вeќe вo ноември

Извршниот директор на германската компанија „БиоНтех“, Угур Шахин, очекува дека резултатите од доцната фаза на клинички испитувања на потенцијална вакцина против коронавирус ќе бидат...

МВР кocи: Изpeчeни 928 kaзни зa нeнoceњe зaштитни мacки вo тeкoт нa изминaтoтo дeнoнoќиe

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 928 прекршоци, информираат од МВР. Министерството...

More Articles Like This