Ceвepнa Kopeja ce oбидeлa дa ja „ykpaдe“ вakцинaтa нa „Фајзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја се обидела да добие податоци за технологијата на вакцината против Koвид-19 со хакерски напад врз американската компанија „Фајзер“, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС).

НИС ја соопштила оваа информација за време на затворено заседание на Комисијата за специјални служби во јужнокорејскиот парламент.

Алијансата за вакцини Гави претходно овој месец соопшти дека Северна Кореја побарала вакцини против ковид-19 и се очекува да добие најмалку две милиони дози.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, во декември објави дека севернокорејски хакери нападнале најмалку шест фармацевтски компании кои работеле на вакцина против ковид-19 во САД, Велика Британија и Јужна Кореја.

Сè уште не е познато дали севернокорејските хакери успеале да добијат корисни информации од „Фајзер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This