March 29, 2024, 10:28 am

Ceдници нa двe coбpaниcки кoмиcии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија и труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за водите и на Законот за заштита на природата, двата во прво читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година, за Ревидирани финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година, Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2021 година и Предлог-одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This