Ce вжeштyвa cocтојбата во Укpaина: 15 pyски бpoдови се зaкотвиja во Црното море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

15 воени бродови на касписката флотила поминаа под Кримскиот мост преку Керченскиот теснец и влегоа во Црното Море, јави прес-службата на Црноморската флота, цитирана од ТАСС.

Како дел од контролната инспекција за периодот на зимска обука, 15 бродови на касписката флотила, вклучувајќи три артилериски и осум десантни бродови, како и бродови за поддршка, извршија премин од Каспиското кон Црното Море, се вели во соопштението.

Според прес-службата на Црноморската флота, вчера бродовите поминаа под оперативна контрола на Црноморската флота и ги надополнија залихите гориво и храна во пристаништето Темјурк. Откако го напуштија Керченскиот теснец, бродовите на Касписката флотила се упатија кон одредената област, во согласност со контролниот план за периодот на зимска обука. Бродовите се движеа по каналот Волга-Дон со должина од над 100 км.

Според планот за инспекција, екипажите на Касписката флотила, во соработка со Црноморската флота, ќе учествуваат во вооружените поморски вежби. По наредба на командантот на јужниот воен округ, армискиот генерал Александар Дворников, единиците на маринците и крајбрежните сили на Црноморската флота и касписката флотила учествуваа во проверката на подготвеноста за одбивање на поморските и воздушните нападни на непријателски сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This