Ce дaл вo бeгcтвo, пa yдpил вo пoлициcки aвтoмoбил: Пoвpeдeни двajцa пoлицajци, пoднeceнo o6винeниe пpoтив кocoвcки дpжaвjaнин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Косово за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот според член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 2 април, управувал патничко моторно возило Ауди А4 со косовски регистарски ознаки кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон Македонија.

Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози. Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото, по што двајца полициски службеници со службено возило се упатиле да го запрат. Го престигнале на 4 километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје. Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This