October 27, 2021, 4:10 am

Ce cyдpиja мoпeд и вeлocипeд: Пoвpeдeни тpи лицa, двajцa пpeпpaтeни нa скoпcкитe клиники

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во 22.30 часот, а се случила на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци. Во сообраќајката учествувале мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци, велат од МВР.

-Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This