Ckандал во неготинската гимназија: Диплома за трето место наместо за натпреварувачот напишана за син на професор кој не се натпреварувал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов ск андал се поврзува со професор од гимназијата „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино. Бил однесен на натпревар еден ученик, а диплома за освоено трето место наводно по барање на професорот била напишана на име на неговиот син. Просветниот работник барал од ученикот да не кажува никому за овој случај.

Професорот, кој воедно бил и ментор на ученикот кој се натпреварувал на државен натпревар од електро струка е пријавен во државниот просветен инспекторат по реакција на група родители во текот на минатиот месец.

„ Од Државниот просветен инспекторат констатирани се повреди кои ги сторил наставник, менторот на учениците. Издаден е прекршочен платен налог за наставникот, согласно Законот за средно образование, кои се однесуваат на психичко малтретирање на ученик и истиот е реализиран.Со записник констатирано е дека е известено МВР. Исто така до училиштето од страна на Државниот просветен инспекторат дадено е и укажување со записник да се поведе дисциплинска постапка против наставникот“ писмено одговорија денеска од Државниот просветен инспекторат.

Случајот бил пријавен и во полиција, каде работат исто така на целосно расчистување.

„ На 29 јуни неготинската гимназија пријавила таков случај и се работи на расчистување на случајот – потврди портпаролот на СВР Велес“, Верољуб Додевски.

Родителите кои пријавиле во државниот просветен инспекторат не сакаат да говорат јавно за случајот, но прашуваат како е можно еден просветен работник да си го руши својот авторитет со нечесни игри во кои го вклучува и сопственото дете. Сметаат дека со ваквите постапки се прекршени сите етички и морални вредности на еден просветен работник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This