Ckaндaл во Рим: Над 120 уметнички дела вредни 20 милиони евра ykpaдени и зaмeнети со фaлcифиkaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството во Рим започна истрага за исчезнување на 120 уметнички дела, чија вредност се проценува на околу 20 милиони евра, од седиштето на италијанскиот јавен сервис Раи. Меѓу нив има слики од Клод Моне и Амедео Модилјани.

Некои дела се заменети со фалсификати, а властите се сомневаат дека незадоволни работници можат да стојат зад сè .

Интересно е што кражбата е откриена сосема случајно во март, кога паднала една од сликите, при што се скршила рамката. Тогаш беше утврдено дека делото не е оригинално.
Набргу потоа, пензиониран работник на италијанската станица призна дека ја украл оригиналната слика во 70-тите години на минатиот век и ја продал за 25 милиони лири.

Бидејќи случајот е застарен, против него нема да биде покрената постапка.

По тој настан, Раи го провери каталогот на уметнички дела, од кои повеќето беа купени во 60-тите и 70-тите години, и се покажа дека недостасуваат 120 дела, вклучително и бронзени и златни статуи на италијанскиот скулптор Франческо Месина.

Полицијата верува дека кражбите се извршени од 1996 година, кога Раи ја организираше изложбата.

„Ова се исклучително вредни дела што едноставно висеа на sидовите на ходниците и канцелариите во зградите на Раи, без аларми, така што секој можеше само да влезе и да ги земе“, рече новинарот на весникот „Месаџеро“, Џузепе Скарпа, кој ја следи истрагата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This