October 16, 2021, 10:21 pm

Ckaндалозна колумна: Морам да признаам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, но го мpaзaм како фaшиcт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Текст од Индија предизвика бурни реакции во тенискиот свет. Еден тамошен новинар напиша реченици преку кои го искажува својот анимозитет кон Новак Ѓоковиќ.

Колумната е насловена „Зошто не можам да бидам фан на Новак Ѓоковиќ“ и во неа се кажани брутални зборови на сметка на најдобриот тенисер на денешницата.

„Иако морам да признаам дека Ѓоковиќ е веројатно најдобриот тенисер на сите времиња, јас го мразам како да е фашист. Зошто? Бидејќи неговата мајка Дијана во 2008 година рече „кралот е мртов, да живее кралот“ по победата против Федерер во Австралија. И 13 години подоцна, кога го видов неговото име напишано на списокот на победници на Вимблдон, се сетив колку страсно го мразам. Но, тој е сè уште тука, ги достигна Федерер и Надал и сè е на негова страна. И ќе биде сè подобар и подобар.

Како Ѓоковиќ стана најдобар? Го видовте последниот поен во финалето на Вимблдон. Одигра 11 удари со водство од 2-1 во сетови и 5-3 во четвртиот сет против еден Матео Беретини и чекаше противникот да направи грешка. Тоа е добра тактика, но кој сака таков тенис? Долго размислував зошто толку многу го мразам. Веројатно заради ладнокрвноста и тој „мртов стил“. Ако сте навивач на Надал и Федерер, имате што да сакате. Ѓоковиќ е најдобар и тој е премногу добар за да биде возбудени за него. Тој е непобедлив. Ако звучам горко, тоа е затоа што сум. Природа на навивачите е да ги поддржуваат оние кои веќе не се најдобри. Но, не дозволувајте сето тоа да ви го одвлекува вниманието од фактот дека Новак Ѓоковиќ е глава и рамо над сите што ја играат оваа игра. Статистички, се разбира“, напиша Шиам Камал.

Сега Ѓоковиќ брка бесмртност на Олимписките игри, а потоа и на УС Опен, каде ќе игра за комплетирање на титулите на Грен слем турнирите во една сезона.

Latest News

НACA ja лaнсиpaшe „Лycи“ – лoвeц нa acтepoиди

Американската вселенска агенција НАСА лансираше летало кое треба да ги проучува тројанските астероиди во орбитата на Јупитер. Откако беше...

More Articles Like This