Ckaндaл ja трece Индoнeзиja: Koмпaниja пepeлa и пoвтopнo ги пaкyвaлa иcкopиcтeнитe тecтoви зa кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петмина вработени во главната индонезиска фармацевтска компанија „Кимиа Фарма“ се уапсени поради наводно перење и препакување на брзите антигенски комплети за бриз на нос.

Индонезиската полиција се сомнева дека околу 10 илјади патници на аеродромите се тестирани на коронавирус со спорните тестови.

Властите во Индонезија наложија сите патници да достават негативен тест пред да се качат во авионот на домашните летови, а авиокомпаниите веќе подолго време продаваат комплети за тестирање на аеродромот Медан во северна Суматра.

„Измамата со тестовите траела околу четири месеци“, соопштија од полицијата.

Портпаролот на полицијата на северна Суматра, комесарот Хади Вахиуди изјави дека властите и натаму го истражуваат бројот на лицата кои што ги искористиле спорните тестови.

„Се започнало уште на 17-ти декември 2020-та година. Ако секој ден имате од 50 до 100 купувачи на овие тестови, се проценува дека се оштетени околу 10 илјади патници“, изјави портпаролот.

Осомничените се обвинети за кривични дела според индонезискиот здравствен закон кој предвидува максимална казна од 10 години затвор доколку бидат прогласени за виновни и според законот за заштита на потрошувачите кој предвидува максимална петгодишна затворска казна.

Полицијата соопшти дека секој од осомничените имал различна улога во измамата, од перење на употребените памучни стапчиња, преку пакувањето на комплетите и доставувањето на примероците во лабораториите.

Индонезија е четвртата земја по бројот на жители во светот и беше меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот во Азија. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, забележани се повеќе од 1,6 милиони случаи, а како последица на вирусот починаа 46 илјади лица од почетокот на пандемијата.

Извор: tocka.com.mk

Latest News

(Видео) Дефинитивно пожapoт излегува од контрола: Снимка од бензиската на Макпетрол на граничниот премин Богордица

Од околу 14 часот гори и борова шума во близина на граничниот премин Богородица, непосредно над едно од тамошните...

More Articles Like This