April 27, 2024, 12:30 am

Ckaдaл вo Аргентина: Пpeтceдaтeлoт пoбapa ocтaвкa oд миниcтepoт зa здpaвcтвo пopaди вakциниpaњe пpeкy peд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез побара оставка од министерот за здравство Гинес Гонзалес Гарсија по медиумските наводи дека луѓе користеле врски за да бидат вакцинирани против Ковид-19 преку ред, тврдат извори во аргентинската администрација.

Шефот на државата побарал оставка од министерот по јавните обвинувања дека барем десет лица примиле вакцина непочитувајќи ја редовната процедура, а меѓу нив бил и познат новинар кој изјавил дека се вакцинирал откако директно разговарал со Гарсија.

Го побарав својот стар пријател Гинес Гонзалес Гарсија и тој ми рече да одам во болницата Посадас и да се вакцинирам, потврди новинарот Хорацио Вербитски за една локална радио станица.

Локалните медиуми објавија за повеќе случаи на вакцинација на политичари и други лица кои не спаѓаат во приоритетните групи.

Поради сето ова Фернандез побарал оставка од Гарсија, но засега не е објавено името на неговиот наследник, а аргентинското Министерство за здравство се уште нема дадено коментар, велат изворите во претседателскиот кабинет.

Од декември минатата година Аргентина ја користи руската вакцина Спутник В за приоритетна вакцинација на здравствените работници во „црвените зони“, а оваа недела во земјата започна вакцинирање и на некои лица над 70-годишна возраст, но со задолжително закажување и почитување на процедурите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This