CKAНДАЛОЗНИ ОДЛУКИ НА СОВЕТОТ: Атрактивно земјиште во Св. Николе по бaгaтeлнa цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атрактивно земјиште во Св. Николе по бaгатeлнa цена!

Ckaдалозни одлуки се донесуваат во Советот на Општина Свети Николе во текот на летниот период!

На 19ти Јуни 2019 година, Советот ја менува веќе донесената програма за уредување на градежно земјиште на Општина Свети Николе, при што висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на фотонапонски централи, од 300 денари за 1м2, се намали на 30 денари за 1м2, доколку уредувањето на земјиштето го врши Владата. Според ова, а во согласност со Јавниот повик, општината наместо за давање под закуп на 52 хектари земјиште да инкасира 2,5 милиони евра, таа десеткратно си го намалува својот приход.

Ако земеме во предвид дека јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани е објавен од страна на Министерството за економија на 10 јуни 2019 година, а намалувањето на цените е после објавување на Јавниот повик од страна на Владата, односно се менуваат условите додека трае повикот, тогаш се отвараат бројни прашања.

· Дали на повидок имаме уште еден kpиминал на локалната и централната власт?

· Чии интереси се задоволуваат со оваа ckaндалозна Одлука на Советот на Општина Свети Николе?

· Дали Владата, во соработка со Општина Свети Николе направиле зделка со која ќе се задоволат нечии конкретни интереси, а не потребите на граѓаните?

Ова не се инвестиции кои отвараат работни места и нудат бенефит на граѓаните, за да има било каква оправданост. Затоа, ги повикуваме Градоначалникот на Општина Свети Николе и заменик претседателот на Владата да одговорат на прашањата, затоа што граѓаните имаат право да ја знаат вистината како и зошто во нивно име се донесуваат вакви ckaндалозни одлуки, стои во Фејсбук статусот објавен на страницата на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
 

Атрактивно земјиште во Св. Николе по багателна цена! Скадалозни одлуки се донесуваат во Советот на Општина Свети…

Posted by Комисија за локална самоуправа on Friday, September 6, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This