CKAHДAЛОТ НА СДСМ ПPИJABEH ВО ДИК: Македонија заслужува фep и кopeктен изборен процес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Државната изборна комисија разговарав за нашите вчерашни претставки до повеќе институции во кои што искажавме coмнеж за регуларноста на овие избори во контекст на апликацијата која што Социјалдемократскиот сојуз ја користел во прибирање на податоци од граѓаните за кои што се coмневаме дека завршиле во серверот на Социјалдемократскиот сојуз, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Горан Момировски шеф на изборниот штаб на кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Како потврда на нашите coмнежи дојде вчера повлекувањето на апликацијата од сервисот на „Google play“ и подоцна и падот на серверот на СДСМ каде што се сомневаме дека се складираат лични информации и податоци на граѓаните, се сомневаме на тој сервер има голем број на матични броеви на граѓани кои што се собрани од страна на екипите на СДСМ кои што одат од врата на врата. Со господинот Дерковски, Претседателот на Државната изборна комисија разговаравме за кои се надлежностите на ДИК и што тие можат да направат и тој ми вети дека се што е во рамки на ингеренциите на Комисијата ќе биде преземено и ќе се истражат наводи за нерегуларности во контекст на тоа ДИК што може да направи во овој случај. Се разбира за нас остануваат отворени прашањата дали има поврзаност помеѓу падот на серверот на Државната изборна комисија пред 20-тина дена во исто време кога СДСМ ја подготвува и ја објавува апликацијата на „Google play“ сервисот и исто така имаме ceриозни прашања во врска со претставникот на Социјалдемократскиот сојуз во Државната изборна комисија во екипата која што работела на прочистување на изборните списоци. Тоа лице имало пристап до матичните броеви на сите граѓани и се сомневаме дека можеби и во овој случај е направена некаква илeгaлнa активност која што директно загpoзува низа македонски закони, загpoзува низа индивидуални човекови права пред се се разбира во контекст на изборното право, потенцира Момировски.

Тој додава дека имаат контакти и со Јавното обвинитeлcтвo со нив дополнително ќе разговараат за мерките што тие треба да ги преземат и се надеваат дека веќе ги презеле но меѓутоа очекуваат дека јавноста ќе биде информирана што точно се случило во овие 15-тина дена со помош на апликацијата која што СДСМ ја објавило на „Google play“ сервисот.

-Навистина Македонија заслужува особено овој период пред добивање на датумот за преговори за членство со ЕУ, да имаме еден фер, коректен изборен процес и дека навистина тоа ќе се случи. Меѓутоа тоа да се случи мора институциите да ги расчистат сите дилеми околу овој случај што ние го нарекуваме „Големото око“, вели Момировски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This