CKAHДАЛ НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ВИНА: Грчките винарии се обидоа да ги избpкaaт македонските колеги од германски саем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организацијата „Вина од Македонија“ била напишана со големи, а ,,С” Македонија со мали букви. Ова е причината поради која грчките производители Цантали, Бутари, Куртаки и останатите се обидоа да избpkаат 10 македонски винарници од меѓународниот саем за вино ProWeine во Дизелдорф, Германија. И пред стартот на саемот што трае од 17 до 19 март, и за време на неговото одржување, до организаторите интервенирале Сојузот на производители на вино во Северна Грција, Хеленското винско здружение, дури и грчката дипломатија, но не успеале да го спречат присуството на македонските винарници.

Од здружението „Вина од Македонија“ велат дека организаторот не сакал да се меша, туку им наложил и на двете страни да се договорат. По неколку разговори, македонските пропизводители останале на саемот и моментално изложуват без проблеми. Потврдуваат дека на Грците им пречело тоа што називот Македонија бил напишал со големи букви, па прв им паѓал во очи на посетителите. Додаваат дека не гледаат каде е проблемот бидејќи и називот „Вина од Тракија“ на пример, го користат и Грција и Бугарија, со тоа што задолжително до него треба да стои и името на државата каде што се произведени.

Грчки „Катимерини“ пишува дека поради тоа што македонските винарници ги рекламираат вината со „приказната за земјата на Александар“, тие ги губат европските и американските купувачи, но идека грчкото вино ги губи и пазарите во Канада, Австралија, Полска и Австрија.

“Кога конкуренцијата беше интензивирана со влегувањето на германскиот пазар, а подоцна и со другите европски земји и многу други вина, извозниците почнаа да го покажуваат локалното потекло на нивниот производ. Југословените го рекламираа локалитетот на вино со потекло од македонскиот регион, кој припаѓаше на нивната територија. Германија троши многу грчко вино и вино од Скопје. Германските винарии со многу мали букви пишуваа” Поранешна Југословенска Република ” а со големи букви ” Македонија ” за да го збунат „потрошувачот“ – пишува Катимерини.

Сличен притисок, Грците направија и пред 10-тина дена на саемот за туризам во Берлин, Германија. Им пречело тоа што на македонскиот штанд пишувало „Macedonia Timeless“. По интервенција на грчката амбасада, називот бил заменет само со Република Северна Македонија. Ваквите притисоци иинциденти ќе станат секојдневие. „Катимерини“ пишува дека поради ваквите потези на нашите производители, трговската „војна“ продолжува на далечните саеми, изложби и натпревари. Инаку двете Влади со Преспанскиот договор предвидоа недоразбирањата околу трговските марки да ги решава заедничка комисија која наскоро треба да се формира и да има мандат од 3 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This