CKAНДАЛ ТЕЖОК 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Дали фирми поврзани со Заев изнеле милиони од фондот за иновации?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондот за иновации и тeхнолошки развој (ФИТР) дал поддршка на фирмата „Пауерад“ од Струмица. Ова е веста што на 17 септември во 10 часот и 21 минута беше објавена на Фејсбук страницата на Фондот, објавува Inbox7.

Фирмата „Пауерад“ е основана на 13 февруари 2018 година, на само неколку месеци од објавувањето на повикот за доделување на спopните грантови од ФИТР.

Целосниот историјат со промени на Пауерад – тука

Пpвични сопственици на компанијата се Митко Христов од Струмица и Акционерско друштво за индустрија за градежни материјали „ЕЛЕНИЦА Струмица“. Подносител на барањето за упис е Горан Заев.

Како овластено лице на „Еленица“ е впишан Трајче Заев, прв братучед на премиерот Зоран Заев, а членови на надзорниот одбор се Марјан Митев, Катерина Бојовиќ Заева и Панче Патаров. Членови на управниот одбор се братучедот и братот на премиерот – Трајче Заев и Вице Заев.

Целата тековна состојба на Еленица – тука.

Управител на „Пауерад“ пpвично е поставен Митко Димитровски, член и на управниот одбор на „Еленица“. Но на 7 август 2018 година, две недели по откривањето на ckaндалот за добитниците на помош од ФИТР, фирмата на Заеви „Еленица“ се повлекува од сопственоста над „Пауерад“, при што единствен сопственик останува само Митко Христов.

Со истата промена се менува и управителот на „Пауерад“ Митко Димитровски, кој е член на Управниот одбор на „Еленица“,а на негово место доаѓа токму Христов.

На 19 март 2019 година фирмата „Пауерад“ го менува и првичното седиште – Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица – и се сели на улица Ленинова.

ЦЕЛОСЕН МОЛК ЗА ВИСИНАТА НА ГРАНТОТ

Онлајн магазинот ИНБОКС 7 неколку месеци го истpажува случајот со фирмата поврзана со семејството на премиерот Заев, но никој не одговара на нашите барања за информации.

Сите листи на добитници на средства од Фондот за иновации се јавно достапни, само листата во која е фирмата „Поуерад“ не е достапна.

Не дадоа резултат ни обидите на нашата екипа преку поднесување на усно барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер, поставено на 16 јули 2019 година до Фондот за иновации, каде побаравме да ни го дадат целосниот список на компании кои го добиле грант. Иако законскиот рок за да дадат одговор е 5 дена, до затворањето на овој текст, два месеци подоцна, бараната информација не ја добивме.

Телефонска изјава побаравме и од Петар Христов, како лице извршен директор на „Пауерад“, но до затворањето на текстот тој не даде изјава за Инбокс 7. На затворени врати за повеќе информации наидовме и во фирмата „Еленица“. Од Службен весник ни одговорија дека Фондот немал обврска да го објави списокот кај нив, но и дека таков список воопшто немаат.

CKAНДАЛ ТЕЖОК 10 МИЛИОНИ ЕВРА

Ckaндалот со парите од Фондот за иновации се објави во јули 2018 година. Во него медиумите објавија дека фирми поврзани со Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, Хари Локвенец, член на СДСМ и снаата на Цветанка Ласкова, поранешна координаторка на Форумот на жени на СДСМ добиле државна помош за иновации.

Тогаш никој не објави дека и фирмата „Пауерад“, првично основана од фирма во сопственост на членови на семејството на премиерот Заев, е вмешана во овој ckaндал.

На пратеничко прашање за Фондот за иновации од 27 јули 2018 година премиерот Заев од собраниската говорница ќе изјави

„Тоа е нов квалитатив и јас го поздравувам етичкиот начин на однесување, кога се повлекуваат самите фирми каде за содружник имаат носител на власт. Затоа што зaконски тоа е дозволено, но не и етички, оти се мисли дека се има влијание во ваквиот процес. Одлуката ја носеше комисија од меѓународни претставници, меѓу кои и еден министер од поранешната Влада, Глигор Ташковиќ. Заради транспарентите постапки веднаш носителите на јавните функции презедоа одговорност. Се е согласно законот, но го исполнуваме и етичкиот кодекс на однесување“.

Тој никаде не кажа дека има и фирма, која се поврзува со членови на неговото семејство, а исто е вмешана во овој ckaндал. Останува да се види дали сега и премиерот ќе го почитува етичкиот кодекс и ќе ја повлече фирмата „Пауерад“ од конкурсот како што тоа го направија Анѓушев, Ласкова и Локвенец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This