Ckaндaл вo Романија: Дoктop и cecтpa вoдeлe љyбoв вo Koвид бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Романската јавност била шокирана откако дознала дека лекарот и медицинската сестра, вработени во болницата за ковид, воделе љубов во институцијата за време на паузата за ручек.

Како што е наведено, медицинската сестра и лекарот од одделот за интензивна нега на болницата, која е во ковид системот, своите „сесии“ ги имале во текот на октомври, а сè било откриено кога некој анонимно ја известил болницата. Медицинските работници, чии имиња не се дадени, биле вработени во Окружната болница во романскиот град Таргу Жиу.

Според медиумите од Романија, тие биле таму за време на паузите, но и во работното време, па нивното „љубовно гнездо“ го имале покрај одделот со најтешко болни. Димитри Виенеску, директорот на болницата, изјавил дека наложил истрага дали анонимното писмо на меилот на болницата е вистинито или лажно.

Во анонимната е-пошта се наведува дека двајцата правеле мини забави за време на нивните средби, пишува порталот „3минути“. Според податоците од електронската пошта кои пристигнале анонимно на адресата на болницата, сè се случило во периодот од 19-ти до 26-ти октомври годинава.

Освен што се гледале во болницата, покрај пациентите кои се бореле за својот живот, парот заедно ги минувал деновите и ноќите во хотелот до болницата, каде што биле сместени вработените во оваа институција за време на ковид режимот на работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This