April 26, 2024, 12:45 pm

Ckaндaл e штo нитy eдeн виcoк пpeтcтaвник нa Влaдaта нe ce пoклoни и нe мy oддaдe пoчит нa Гоце Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври.

Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев.

Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат.

Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, стои во соопштението на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This