Ckaндaлoзнa изjaвa нa Груби: И гpaѓaнитe кoи ce oткaжaлe oд македонското дpжaвjaнcтвo мoжaт дa ce пoпишyвaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостување во емисијата „Опинион“ која се емитува на албанската телевизија ТВ Клан, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека и граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, што значи дека се откажале од македонското државјанство, може да се попишат со извод или било каков документ кој што го поседуваат и дека истите тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија.

-Доволно е да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани или каков бил друг документ“, рече Груби, а новинарот повторно го праша за да прецизира:

-Нема врска дали тој граѓанин има пасош од друга држава германско на пример? Кај треба да се попише овој граѓанин, еден Албанец од Северна Македонија со германски пасош, ги спомнувам овие држави кои не дозволуваат двојно државјанство и живее во неговата земја, каде може да се попише овој граѓанин, треба да дојде во Македонија или има други начини во амбасадите на Македонија?

Груби одговори дека тоа нема врска, и дека истите можат да се попишат онлајн на страната

-Не, се попишува онлајн на страната на ДЗС „census.stat.gov.mk“ и одзема од 3-5 минути попишувањето на целото семејство и да се даде придонес за нивните сонародници кои живеат во Северна Македонија и за оие од дијаспората кои кога ќе дојдат ќе ги уживаат сите права. Рамномерен регионален развој, рамномерен економски развој, соодветна и правична застапеност, јазик, знаме и сѐ тоа што доаѓа со одредените квоти, рече Груби.

Тој нагласи и дека овие граѓани кои се државјани на земјите кои не дозволуваат двојно државјанство, со попишувањето нема да изгубат никакво право во земјите во кои живеат.

-Апсолутно ниту едно право во земјите во кои тие живеат или се државјани на таа земја не им се загрозува со пописот на населението. И ова е многу важнои да се нагласи дека ниту едно право во државата во која тие државјани, било да е Германија или Австрија кои не дозволуваат двојно државјанство, не им се загрозува со пописот на населението на Македонија, истакна Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This