Ckaндaлoт co џyдo тpeнepoт од Прилеп пpoдoлжyвa: Уштe eднa дeвojкa е жpтвa, cekcyaлнo ja вoзнeмиpyвaл кaкo дeтe, гo пpиjaвилa кoгa cтaнaлa пoлнoлeтнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четириесет и шест годишниот Р.П. од Прилеп, инаку тренер по џудо, два месеци е во притвор. Кога во јануари беа поднесени кривични пријави под сомнение дека извршувал полови дејствија врз три малолетни ученички кој му биле доверени да ги тренира, во јавноста се крена бура околу овој случај. Два месеци потоа некако јавноста го подзаборави и тренерот по џудо и случаите за кои е пријавен. Но, по пријавата од трите малолетни ученички, додека трае истрагата, уште една девојка се охрабрила да прозбори и да го пријави истиот човек.

Според податоците во Обвинителството, девојката која дополнително го пријавила тренерот за сексуално вознемирување и полови дејствија, сега е полнолетна, а според пријавата, кога тој ги вршел дејствијата таа била малолетна. Бројот на жртви во оваа истрага сега е четири.

Колку време молчела последната девојка која решила да поднесе кривична пријава против нејзиниот тренер, во интерес на истрагата не се открива бидејќи, по последната пријава се постапува.

Во Обвинителството сослушани се и трите малолетнички кои се водат како жртви во оваа постапка, како и сведоци кои може да помогнат во решавање на овој случај. Докази за тоа дали пријавите се издржани Обвинителството собира и од мобилниот телефон и компјутерот на пријавениот тренер. Овие уреди за комуникација се предадени на вештачење кое треба да открие што се случувало и што се има во мобилниот телефон и лаптопот на тренерот поврзано со кривичните пријави.

„Предметот е во фаза на истражна постапка. До овој момент преземени се повеќе дејствија – испитани се три деца-жртви со примена на мерки на посебна заштита и снимање со апарат за визуелно-тонско снимање, а испитани се и повеќе сведоци на околности релевантни за разјаснување на кривично правниот настан. Дополнително, примена е кривична пријава од уште едно оштетено лице кое е полнолетно, но за дејствија кои биле извршени додека била малолетна, чии наводи се испитуваат. Освен ова, издадена е наредба за вештачење на компјутер и мобилен телефон одземени од осомничениот, а вештачењето е во тек. Јавниот обвинител побара и податоци од Џудо Федерацијата на РСМ. Осомничениот се уште се наоѓа во притвор”, се вели во одговорот од Обвинителството на прашања на МКД.мк.

Од таму не ни кажаа дали е побарано или направено полиграфско тестирање на осомничениот тренер кој на крајот на јануари, годинава заработи 30 дневен притвор под сомнение дека извршувал други полови дејствија пред 3 малолетни ученички кои ги тренирал.

Според истрагата тој ги допирал девојчињата, ги бакнувал, им влегувал со соблекувалните и им пуштал да гледаат порнографски материјали. Дел од овие дејствија се случувале пред и по тренинзите, но и еднаш на службено патување кога гостувале на натпревари надвор од Прилеп.

Основното јавно обвинителство Прилеп на 25 јануари поведе постапка против тренерот по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.

„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, соопштија пред два месеци од Обвинителството.

Против тренерот од Прилеп постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Истрагата ќе ги открие деталите, а доказите ќе му дадат правец на обвинителот кој што постапува во овој предмет за натамошното преземање на мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This