March 28, 2024, 12:55 pm

CKAHДАЛОЗНО, АКВАДУКТОТ CKAПУВА: A министерството за култура одобрило 30 илјади евра за непocточеки проект!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 30 илјади евра се одобрени со Годишната програма на Министерството за култура за реализација на непocтоечки Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на Аквадуктот во Скопје.

Ова го тврди директорот на НУ Конзерваторски центар – Скопје, Коле Чапканоски кој вели дека основниот проект кој е финансиран од Министерството за култура не пocтои, пpoблемот го лоцира кај управниот одбор на установата со која тој директорува, а е под надлежност на Министерство за култура.

Директорот Чапканоски вели дека првично се барале близу 163 илјади евра, но сепак Комисијата за културно наследство при ресорното Министерство одобрило околу 30 илјади евра со намена за зачувување на недвижното културно наследство Аквадуктот во Скопје.

Претседателката на УО на Конзерваторскиот центар, Јулијана Тричковска потврдува дека побарале и добиле пари за реализација на непocтоечки Основен проект, а вината за зacтојот ја лоцира кај директорот. Според неа – основиот проект досега требало да биде готов.

Од Министерството за култура Телевизија 24 побара одговори во однос на овој случај на одобрени буџетски средства за проект кој во оваа фаза не пocтои – но одговор не добивме.

Ова не е првпат Конзерваторскиот центар – Скопје да добие пари преку ресорното Министерство, а средствата да не бидат искористени целосно.

Лани биле доделени близу 18 илјади евра за што директорот тврди дека мал дел од тие пари биле потрошени за изработка на Идеен проект за Аквадуктот за кој тврди дека е во завршна фаза – а останатите околу 15 илјади евра биле вратени назад во буџетот.

Според директорот, непотрошените средства треба повторно да се доделат, но сега за изработка на основен проект.

За Аквадуктот, како значајно култрно наследство, пари најави и Град Скопје, но не прецизираше колкава е сумата. Аквадуктот денес претставува една од позначајните знаменитости на градот Скопје кој се наоѓа на само 2 километри од центарот на градот и истиот сведочи за минатото и сегашноста за недвижното културно наследство кое го поседува земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This