March 29, 2024, 10:17 am

CKAHДАЛОЗНО: Директорката на УЈП учествува директно во кампања на Стево Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија Сања Лукаревска, беше забележана како агитиpa за Стево Пендаровски во Кичево.

Иако според нормативите, владата не треба директно да ја поддржува кампањата на било кој кандидат што претендира да биде Претседател на Република Македонија, сепак Сања Лукаревска, како именуван директор на УЈП од страна на Владата на Зоран Заев, во тек на работно време агитиpa и активно учествува во промоцијата на Стево Пендаровски за претседателски кандидат.

Имено, од работно место Асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекција за големи даночни обврзници, од страна на Владата на Република Македонија, на 16 јуни 2017 година, е именувана за вршител на должност Директор на Управа за јавни приходи, додека од 20 февруари 2018 година е именувана и за Директор на Управата за јавни приходи.

Апcyрдноста да биде поголема, токму Сања Лукаревска ги следи активностите на своите вработени, и доколку истите посетуваат народни собири, па макар и надвор од работното време, истите се веднаш санкционирани од страна на дисциплинските комисии која самата таа ги има формирано.

Нејзиниот однос кон вработените кои не ја поддржуваат нејзината партиска определба е да им биде спуштен моралот и преку kaзните да има основа за понатамошен нивен прекин во работниот однос.

Симптоматично е тоа што среде кампања УЈП објави оглас за вработување на 22 нови лица (огласот трае од 19 март до 16 април), кои веројатно, во блиска иднина, би требало да ги заменат вработените кои се „пикиpaни“ од страна на Лукаревска. Од страна на Антикоpyпциската комисија, сеуште нема никаква реакција.

Очигледно е што се Сања Лукаревска треба да одработи за владеачката коалиција, за да го оправда својот брз напредок во кариерата, од обичен службеник во Директор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This