CKAHДАЛОТ СО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПРОДОЛЖУВА: Снаата на Ласкова не ги исполнува условите за грант од Фондот за иновации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снаата на советничката на премиерот Цветанка Ласкова не ги исполнува условите да добие грант од Фондот за иновации и технолошки развој. „Транспареси интернешнл – Македонија“ ја доставила до Фондот за иновации процената на ризик кај четирите компании што се изјаснија дека се поврзани со лица на јавни функции, а имаат одобрен грант од Фондот.

„Комапнијата ‘Декодикс’ на снаата на Ласкова доби оценка дека има среден ризик од своето влијание, но речиси на граница со висок ризик. Тоа би требало да значи дека не ги исполнува условите да го добие грантот, но конечната одлука ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации врз основа на процената на ризикот. И другите три компании се во рангот на среден ризик во согласност со протоколот. ‘Контура’ на Елена Донева, поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, има нијанса помал ризик од ‘Декодикс’, но и двете се оценети со висок среден ризик. Со среден ризик, но понизок од овие две, се ‘Т – сенс’ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, и ‘Микросам’, сопственост на поранешниот министер без ресор, Веле Самак. Нивото на ризик кај ‘Микросам’ се доближува до низок ризик“, велат извори од Фондот за иновации.

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ работела на процена на ризикот кај компаниите последниве десетина дена. Целосната процена за четирите компании ќе биде доставена до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции, кој треба да ја донесе конечната одлука. Следната седница на Комитетот е закажана за крајот на јануари.

Во меѓувреме, Фондот се подготвува за првиот мониторинг кај 73 комапнии добитници на грантови за иновации со кои договорите се веќе потпишани. Првиот квартал истекува во јануари кога се очекува и мониторингот, кој треба да покаже дали државните пари се користат наменски. Мониторингот ќе го врши надворешен соработник, кој допрва треба да се избере.

Извор
Точка.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This