CKAHДАЛ ВО КАРБИНЦИ: Братучед на градоначалникот Јордан Насев добил концесија за ископ на песок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандал ја тресе малата Општина Карбинци! Фирма, чијшто сопственик е братучед на градоначалникот Јордан Насев, вади песок од концесиско поле во близина до коритото на река Брегалница. Песокот се црпи со дозвола од соодветното Министерство…, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-И се‘ ова изгледа наивно и законски, но реалноста изгледа е сосема поинаква. За волја на вистината, во АД Водостопанство, кое е одговорно за речните корита е вработен синот на сопственикот на компанијата која ископува. А чичкото е градоначалник во општината во која се ископува.
Ова отвара бројни прашања и дилеми.
Дали ова не е случај на судир на интерес и злоупотреба на влијание?
Дали компанијата е во заедничка сопственост на градоначалникот и неговиот прв братучед?
Дали компанијата се придржува на законските прописи, затоа што се работи за ерозивно подрачје, постои опасност од одрони и уништување на поседите на жителите на Карбинци?, стои на нивната Фејсбук страница и се додава:

„Жителите од Карбинци се исплашени за својата егзистенција и се сомневаат во грижата на градоначалникот за Општина Карбинци, кој и не живее на територијата на општината со која управува. Тие се прашуваат дали високата функција, нивниот градоначалник ја користи за задоволување на својот личен интерес или за подобрување на животот во оваа општина“.

https://www.facebook.com/KomisijaZaLokalnaSamouprava/posts/132385738141334

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This