CKAHДАЛ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ИСТОРИЈА: Заев вршел притиcoци македонските историчари да го декларирaaт Делчев како Бугарин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гоце Делчев да го декларираме како Бугарин, ова Зоран Заев непосредно пред самитот во Брисел го барал од македонските историчари за да нашата држава добие датум за преговори со Европската Унија и Бугарија да не не блокира на европскиот пат. Притисоците врз македонските историчари членови на комисијата за историја со Бугарија која е резултат на договорот за доброседство биле огромни, а Заев одел дотаму да телефонски ги контактира членовите на комисијата и да ги притиска да го декларираат Гоце Делчев како Бугарин.


-Се бара од нас да го декларираме Гоце Делчев како Бугарин, а не како Македонец. Од она што го дознаваме неофицијално од претходно е дека господинот Зоран Заев вршел сериозни притисоци врз комисијата која што е во рамки на оној договор за доброседство ја договара историјата со бугарската комисија. Од тоа што го дознавме господинот Заев дури и телефонски се јавувал, говорам пред средбата во Брисел пред недобивањето на датум, господинот Заев телефонски им се заканувал на претставниците во оваа комисија по секоја цена прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, за Бугарите да не не блокираат.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/545300342885288/?notif_id=1571479427803029&notif_t=live_video_explicit

Не така одамна  претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека „историјата и историчарите ги имаат фактите“

Пред неколку месеци при посетата на премиерот Зоран Заев во Бугарија, тој изјави дека политичките односи помеѓу двете држави биле оладени исклучиво од политички причини и порача историјата да биде оставена на историчарите.

„Чиј е Цар Самоил не треба да дебатираат политичарите, туку историчарите“, изјави премиерот по завршувањето на средбата со бугарските колеги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This