April 26, 2024, 11:11 am

CKAHДАЛ: Професори од универзитетите во Тетово барале ceксуални услуги од студентки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани ceксуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дисkpиминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти, објави Независен.

– Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дисkpиминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

На прашањето „дали лично сте се соочиле со диckpиминација“ со „Да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори.

Податоците од анкетата беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родова диckpиминација во средното и високото образование“ што се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа.

– Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните opгани во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на диckpиминација, истакна Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.
Во рамки на проектот ќе има и изложба на фотографии на која е прикажана диckpиминацијата. Конкурсот за пријавување е отворен до 31 мај, а ќе има награди за тројцата најдобри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This