Coфтвep за попиcoт е бугapcка донациja, менаџер на фирмата е некогашната советничка на Кочо Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за статистика во 2019-та избрал конзорциум од три фирми за апликација за попишување на населението во рамки на државата.

За попишување на населението надвор од границите по електронски пат, работата е доверена на компанија Скејлфокус со седиште во Скопје. За изборот на оваа фирма не е организиран тендер бидејќи била донација.

-Втората апликација е донирана од фирмата Скејлфокус, а тие се согласија бесплатно да ја изработат со сите заштитни механизми. Единствен услов беше нивното лого да стои на апликацијата за попишување на граѓани кои се во странство, ни изјави Апостол Симовски, директорот на ДЗС.

На апликацијата кога ќе се отвори стои „до апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Македонија е оневозможен.“.

Претходно програмерка успеа со ВПН адреса (интернет локација која покажува дека се поврзуваш од друга земја, додека IP адреса е всушност идентитет на еден интернет приклучок и за секоја држава има посебни препознатливи ознаки) да се поврзе на апликацијата и даде сопствени податоци како да е во Србија.

ДЗС негираше дека може да се злоупотреби апликацијата за да се внесат лажни податоци и дека таков потег е кривично дело за кое е предвидена минимална 3-годишна затворска казна.

Фирмата Скејлфокус е бугарска софтверска ИТ компанија која има македонско претставништво, а истотака има претставништва во уште неколку други земји.

Во моментот менаџер на СкејлФокус Скопје е Софче Јовановска, поранешна советничка во кабинетот на некогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, а исто така имала долга кариера и во Стопанската Комора.

Конзорциумот за втората апликација е воден од македонско претставништво на бугарската фирма Телелинк, Телелинк Скопје, а останатите две фирми кои заеднички настапиле и го добиле тендерот во април 2019-та година се Семос и ГДИ.

Овој конзорциум за 7.350.000 денари (околу 120 илјади евра без ДДВ) односно за вкупно 141 илјада евра го добиле тендерот за апликацијата. Оваа апликација ќе ја користат попишувачите на терен.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This