Coбpaниeтo ja пoчнa пocтaпкaтa зa oдлoжyвaњe нa пoпиcoт: Измeнитe дeнecкa вo Зaкoнoдaвнo-пpaвнaтa кoмиcиja

Поврзано

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

(Видео) „Oдимe нa EП“: Пoглeднeтe гo cпoтoт нa нaвивaчкaтa химнa нa нaшaтa фyдбaлcкa peпpeзeнтaциja

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“  на нашата фудбалска...

(Видео) Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa

Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија! Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори...
- Advertisement -

Собранието ја почна постапката за одложување на пописот, што би се одржал од 5 до 30 септември. Пратениците вчера ја изгласаа потребата од донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата. Измените на Законот за попис добија поддршка во Комисијата за европски прашања, а денеска претпладне се пред Законодавно-правната комисија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека според Деловникот измените на Законот за попис треба да бидат разгледани на матичните комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија. Откако ќе има извештај дека комисиите завршиле со работа, согласно времето и роковите, пратениците ќе бидат известени за продолжувањето на 38. седница, на чиј дневен ред се одложување на пописот и измена на Изборниот законик, со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Одложувањето на пописот од април за септември беше договорено на лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот Заев изрази уверување дека Парламентот ќе ги донесе измените и дополнувањата на Законот за попис за негово одложување за септември, а бидејќи самата операција е почната согласно постојниот Закон со подготвителна фаза за теренски активности, сите материјали кои евентуално ќе бидат изработени, ќе бидат земени предвид.

Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива останува на ставот дека не треба да има одложување на пописот.

Според албанската опозициска коалиција Државниот завод за статистика, кој информира дека нема да го почне пописот на терен, извршува кривично дело.

Според член 16 ДЗС се грижи за законитоста при подготовката, организацијата и реализацијата на пописот во согласност со одредбите на овој закон и врши надзор над работата на лицата-учесници на пописот. Според член 18 во рамките на нивните надлежности утврдени со закон, во вршење на одредени пописи учествуваат: Министерство за одбрана, Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за надворешни работи и Агенција за катастар на недвижнини и други носители на прибирање податоци.

Политичката партија Левица бара одложување на пописот за 2022 и итно прекинување на пописот на дијаспората.

Latest News

Cитyaциjaтa e зaгpижyвaчкa: Ceчeњeтo нa пpaшyмaтa вo Амазонија ce згoлeмилo зa 43 oтcтo

Сечењето на прашумата во Амазонија се зголемило за 43 проценти во април во споредба со истиот период минатата година,...

More Articles Like This