October 21, 2021, 1:41 pm

Coобpaќajнa нeзгoдa вo Гостивар: 20-годишник со aвтoмoбил yдpил во пapкиpaни вoзилa – двe лицa зaвpшиja вo бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Тетово информира дека вчера во 23:20 часот е пријавено е дека на улица „Бањешница“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот гостиварец Ш.А. изгубило контрола и удрило во две паркирани возила „форд“ со гостиварски и „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(22) и Р.М.(35) од Гостивар.

-Во несреќата, сопатникот во „голфот“ С.М.(26) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додека на возачот Ш.А. му биле констатирани телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Latest News

ХOPOP: Кичeвчaнeц гo y6ил свojoт тaткo co нoж

Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М, поради сомнение дека...

More Articles Like This