Coвeтницитe нa Заев гo чинaт нapoдoт 246.000 eвpa гoдишнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во моментов сме среде најголема здравствена и економска криза, каде што секојдневно се бројат починати, премиерот Зоран Заев и владата се расфрлале со луксуз.

Портпаролот Димче Арсовски истакна дека Заев завчера си ги објавил платите на своите кабинетски советници, што според него е невидена дрскост и ароганција.

-Зоран Заев го советуваат дури 23 советници, кои земаат плата над 55.000 денари. Вкупната сума што се дава месечно за нето плата за овие советници на Заев изнесува секој месец над 20.000 евра. Годишно од државниот буџет и од Буџетот на граѓаните за плати на овие кабинетски советниците на Заев се двојат над 240.000 евра.

240.000 евра годишно за 23 луѓе кои што се нарекуваат советници на Зоран Заев, рече Арсовски.

Тој додаде дека во време кога граѓаните живеат со 2 евра дневно, кога Република Македонија тоне во сиромаштија, кога државата е најзадолжена до сега и е во ризична зона, кога над 40.000 ученици не можат да следат онлајн настава само заради тоа што нивните родители немаат доволно услови да им обезбедат ИТ технологија еден советник на Заев секој месец зема над 55.000 денари.

-Толку од штедливоста на Заев. Единствено гледаме луксуз и расфрлање на парите на граѓаните.

Никој не знае дали и колку инвестиции донел Љубе Бошковски како советник на Зоран Заев за странски инвестиции, иако граѓаните знаат дека не донел ниту една, ниту пак воопшто извршил разговор со било која странска компанија. Никој не знае што работи на пример поранешниот протокол на Зоран Заев, г-ѓа Хаџиевска која е советник за меѓународни односи и зема плата над 55.000 денари, а од меѓународни односи гледаме само гафови на погрешени знамиња, буквално на секоја средба каде што самите си ја брукаме државата и македонскиот народ и дури граѓаните сес рамат од нив.

Дополнително, кога Зоран Заев и кабинетот имаат намера да ги објават платите на Националните координатори кои што ги постави Зоран Заев и нормално колку се на број?

Кога ќе видиме отчетност што сработиле Националните координатори заедно со овие кабинетски советници?

Додека нема услови низ болниците да се лекуваат болните, Заев троши стотици илјади евра на нето плати за своите советници кои како што можевме да видиме ништо паметно не го советувале изминатиот период, истакна Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This