Coизвpшитeлoт чyвaл cтpaжa дoдeкa kpaдeцoт kpaдeл oд cтaн кaдe мajкa и ќepкa cпиeлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради основано сомнение дека двајцата како соизвршители сториле две тешки кражби.

По претходен меѓусебен договор, на 1 јуни 2021 година, додека соизвршителот пред влезот на зградата внимавал да не наиде некој, осомничениот влегол во стан на оштетените. Додека во станот спиеле оштетените – мајка и ќерка, украл две женски чанти, паричници и документи. Притоа, една од оштетените се разбудила и го забележала осомничениот кој веднаш го напуштил станот. На сличен начин, била извршена тешка кражба и на 5 јуни 2021 година. Додека соизвршителот внимавал, осомничениот се прекачил преку балкон во станот на оштетените, влегол и украл ташна во која имало паричник и други предмети.

Со дејствијата кои ги презел, осомничениот сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител во насока за натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, за овој осомничен до Судот поднесе Барање за определување на мерката притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This