COЛЗИ И ЉУБОВ: Тамара Тодевска ја изведе „Proud“ за Нина, девојката со Даунов синдpом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата годинашна претставничка на „Евросонг“, Тамара Тодевска, го посети домот на Нина Костовска и специјално за неа ја отпеа темата „Proud“.

– Нина е родена со Да унов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со поп реченост. Нина, се гордеам со тебе! – порача Тамара.

Нина ѝ е добро позната на македонската јавност. Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници. Дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители. Нејзиниот животен став, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the dis ability“.

Инаку, Тамара својот евровизиски настап ќе ѝ го посвети на својата ќерка Хана.

– На 16 мај ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16 мај ќе ги прек ршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека „се гордеам со себе“ секогаш е посилно од нивното „никогаш нема да бидеш доволно добар/а“! Запаметете, секогаш ќе бидете доволно добри – порачува таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This