Coнцeтo влeзe вo нoв циклyc: Eвe штo знaчи тoa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците кои ги следат промените на Сонцето објавија дека тоа влезе во нов циклус и ќе влезе во период обележан со поголем број ерупции и пеги.

Сонцето ја засили активноста во последните девет месеци, излегувајќи од период на минимална активност, соопштија во вторникот експертите од германскиот институт Макс Планк за истражување на соларниот систем (МПС).

Сонцето се движи во 11-годишни циклуси со максимална и минимална активност, а својот соларен минимум го имаше во декември минатата година, велат научниците.

Следниот циклус веројатно ќе биде „исто скротен“ како и последниот, предвидува Институтот, а најактивниот период се очекува помеѓу ноември 2024 и март 2026 година.

„Во фазите на висока активност, насилното трепкање на честичките и зрачењето од Сонцето може да се почувствуваат и на Земјата“, рече научникот од МПС, Роберт Камерон.

Во најлош случај, соларните бури можат да предизвикаат технички потешкотии, како што се откажување на сателитите. Астронаутите исто така можат да бидат изложени на ризик.

Новиот сончев циклус е 25-ти откако научниците почнаа да ги набљудуваат. Во последните триесет години, НАСА и НОАА имаат група експерти кои ги предвидуваат соларните активности во следните години.

Ова не е лесно, бидејќи „однесувањето на нашата sвезда се карактеризира со невообичаена интеракција на сигурност и каприциозност“, соопшти МПС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This