Coпpyгaтa нa Aпacиeв го peши пpoблемот co антивakcepитe: Пaнoвcки бeз кaпaчe дa ги вakцинира функционepитe – гpaѓаните да им ја биpaaт вakцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како до поголеми стапки на вакцинација?

Не е научна фантастика, ама треба и да сакаш да го решиш проблемот:

1. Прво, набавете вакцини (ваша обврска не е да претпоставувате дали ќе останат, туку пред се’, да ИМА доволно).

2. Набавете повеќе различни вакцини (можноста за избор им дава чувство на контрола на луѓето и ги прави посигурни во одлуката).

3. Вакцината за која има најголема скепса, а сте сигурни дека е безбедна, употребете ја да се вакцинирате јавно вие како функционери со вашите семејства (но овојпат, без капаче и да оставите народот преку анкета да гласа кој лекар да ве вакцинира. Еве, јас би го избрала др Ненад Лазаров или др Пановски да ве боцнат, за да верувам што сте примиле. Сакате доверба во процесот – ќе треба да си одработите за неа).

4. Наместо само изјава за согласност за вакцина, со луѓето, како држава, потпишете договор за брзо обесштетување во случај на несакани ефекти (здравствена грижа, парична помош, итн.).

5. Креирајте наградно извлекување со можност за големи награди (стан, автомобили, парични награди…) за сите кои ќе се вакцинираат. Повторувајте го на 3 месеци (луѓето подобро реагираат на награди, отколку на казни; не кратите ничии права; создавате можност за добивка, наспроти ризикот кој луѓето чувствуваат дека го превземаат).

6. Континуирано во јавност да одат транспарентни информации преку едукативна кампања за вакцините, со можност за поставување и давање на одговори на прашања.

7. Организирајте почесто дебати со кредибилни луѓе од фелата, за да се отстранат недоразбирањата од погрешното информирање на медиумите (да се презентира ефикасноста, реалниот ризик, споредено со ефектите од вирусот. Начинот на третирање на најчестите несакани ефекти и степенот на преживување од истите. Од каде е потребата да се вакцнираат и луѓе со стекнат имунитет, после колку време и каква е праксата во развиени земји кои подобро се справуваат).

8. Покажете ги добрите примери – кредибилни луѓе кои примиле вакцина и нивното искуство.

9. Средувајте ги во меѓувреме останатите акумулирани проблеми (вложете во здравството, интегрирајте ги приватните установи во јавните, обезбедете ги потребните лекови на државна сметка, купете амбулатни возила, вработете и платете го медицинскиот персонал, средете го циркусот со јавниот превоз, еднакво третирајте ги сите заболени, сите кои заслужиле казна или награда, субвенции за компаниите, работниците, но и за погреб на починатите… покажете грижа за луѓето)…

10. Повторувајте дека нема да биде задолжително (се наметне ли вака имплицитно преку дискриминаторски мерки или експлицитно преку Закон, ќе има сериозен негативен ефект и уште поголем отпор).

11. Повторувајте за кои возрасни групи е препорачано, кој има предност и од кои причини, како поминал процесот во други земји во светот досега и кои се ефектите.

12. Престанете да се глупирате со мотори, хеликоптери, набавки на оружје, апсење на путер и шетање по Мексико!

Дека апсолутно сите ќе се вакцинираат е тешко да се очекува (за причините за ова, друг пат), но дека можеме да се приближиме кон подобра бројка е реално да се очекува и да се постави како цел за достигнување.

Разберете го народот (неговите грижи, стравови, забелешки, потреби) и дека вашиот кредибилитет е веќе непосточеки меѓу граѓаните.

За да може нешто да направите дури ви трае мандатот, ќе треба сериозно да се посветите и потрудите, многу повеќе од полициски час и затварање на објекти и луѓе. Изјавите да не почнувам ни да ви ги коментирам.

Пред се’, треба на следниот прес да се извините, да изразите сочувство со сите починати, а најдобар почеток на средување на хаосот би бил да го замените Филипче со друг, кредибилен човек од фелата.

Има уште можности и начини, но за жал, не верувам дека ќе успеете ни ова да го средите.

Се’ друго, ќе биде комплетен неуспех, за кој нема да е крив народот (ниту антиваксерите), туку исклучиво вие – функционерите платени од народни пари да ги решаваат проблемите.

А здравје, на следни избори да ве смениме (па и да си одговарате).

Фејсбук статус на сопругата на Димитар Апасиев, Тамара Јовановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This