Co цeл дa cпpeчи шиpeњe нa Koвид-19: Итaлиja зaбpaни пaтyвaњa oд 21 дeкeмвpи дo 6 jaнyapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската Влада денеска соопшти дека воведува забрана за патувања за време на новогодишните празници, со цел да се обиде да спречи ширење на коронавирусот, јави Гардијан.

Новите правила, заедно со актуелното кое вклучува полициски час, ќе се обидат да ја запрат циркулацијата на вирусот низ земјата за време на празничниот период, со ограничување на бројот на луѓе собрани на едно место.

– Ако сега го спуштиме гардот, третиот бран е веднаш зад аголот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патувањата меѓу италијанските покраини ќе бидат забранети од 21 декември до 6 јануари, а на луѓето нема да им биде дозволено да го напуштат градот на 25, 26 декември и 1 јануари, додава Гардијан.

Исто така, „сериозно се советуваат“ граѓаните да не одат кај пријатели, роднини, соседи, и да бидат само со членови на семејството.

Другите ограничувачки мерки ќе бидат воведени во текот на денов, а се очекува секој што ќе влезе во Италија да биде должен да помине десет дена во карантин, почнувајќи од 20 декември.

Овој потег е осмислен со цел да ги спречи Италијанците да одат во ски-центри кои се отворени во некои европски земји.

Кафулињата и рестораните ќе останат затворени во регионите кои се во црвена или портокалова зона, додека во жолтата зона, угостителските објекти можат да работат до 18.00 часот, додека полицискиот час е во сила низ целата земја од 22.00 часот.

Во жолтите зони, каде што рестораните се отворени до 18 часот, Владата сè уште размислува дали да им дозволи на овие објекти да служат ручек на Божиќ и ден подоцна, на 26 декември.

Скијачките центри ќе бидат затворени, а нема ниту крстарења.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This