Cocтojбaтa cтaнyвa зaгpижyвaчкa: Aктивни нaд 2.000 koвид-cлyчaи, oкoлy 30 имaaт дeлтa-coj

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта на Ковид-19, која рапидно се шири насекаде во светот и во регионот, па многу веројатно е истото да се случи и кај нас. Затоа, како што апелираат, граѓаните треба да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат себе си, своите семејства, колеги…

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вчера се регистрирани 143 нови случаи со Ковид-19 од направени 3.101 тестирање. Починале двајца пациенти, а оздравени се 32.

Здравствените власти потенцираат дека делта сојот на СарсКов2 ја прави вакцинацијата уште поважна и оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани за да се избегне повторно затворање, полициски час и слично.

– Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат во сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот. Во обид да се зачува јавното здравје и да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени, што претставува ризик од преоптоварување на здравствените системи, сè повеќе земји воведуваат задолжително приложување на вакцинален сертификат за своите граѓани, за непречено користење на јавните места и услуги, информираат од Министерството.

За разлика од други земји, каде за одредени категории професии вакцинацијата е задолжителна, кај нас таа е право на избор, велат од Министерството за здравство, потенцирајќи ја важноста од вакцинација.

– Затоа граѓаните кои досега не се вакцинирале, се двоумат или имаат дилема околу вакцинирањето, да се охрабрат и што побрзо да примат вакцина. Вакцините се безбедни и ефикасни, штитат од компликации на болеста и смртен исход. Само со масовна имунизација може да спречиме ширење на мутации на Ковид-19, порачуваат од Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This