Cocтojбaтa излeзe oд кoнтpoлa: Македонија ближи дo 20.000 akтивни cлyчaи нa кopoнaвиpyc, вчepa пoчинaa 33 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Податоците од Институтот за јавно здравје од вчера покажуваат дека во деноноќието меѓу саботата и неделата се направени 2.763 тестирања, при што се регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19, како и 11 оздравени пациенти и 33 починати, од кои речиси 85 проценти се над 60-годишна возраст, а најмладиот имал 39 години.

Од регистрираните 708 нови случаи дури 314 се од Скопје, а двоцифрени бројки на новозаболени се бележат и во Прилеп 59, Куманово 41, Велес 37, Гостивар, Битола и Охрид по 26, Кавадарци 23, Штип 17, Кочани 16, Неготино и Дебар по 11 и Гевгелија 10.

Регистрирани се само 11 оздравени пациенти, што, како што соопшти Министерството за здравство, не е целосната бројка на оздравени лица во претходните 24 часа, поради апдејтирање на софтверот, па вкупниот број на оздравени од тоа деноноќие ќе биде прикажан во денешната статистика.

Со вчерашните бројки вкупната цифра на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 126.938, на оздравени пациенти 104.356, а на починати 3.675. Вчера бројот на активни случаи изнесувал 18.907.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 1545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид центрите. На инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 657 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19, а во одделенијата во во другите градови во земјава се лекуваат 887 пациенти.

Во Србија вчера продолжи вакцинацијата на македонски и странски државјани со вакцини на „АстраЗенека“. За разлика од Белградскиот саем каде беше празно, во Ниш поради големиот број неповикани македонски граѓани се создаде голема турканица.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Белградскиот саем, за разлика од саботата, кога беа вакцинирани 5.299 странски државјани, од кои речиси половината беа Македонци, вчера беше празно, а бројот на Македонците кои до пладне се вакцинираа изнесувал над 100.

За разлика од Белград, во Ниш во халата Чаир за вакцинација пристигнаа околу 2000 македонски државјани. Поради големиот број на нерегистрирани лица за вакцинација настанаа големи турканици и вакцинацијата беше прекината за оние кои немаа покани и закажан термин.

Како што соопшти Стопанската комора на Србија (ПКС) вработените во повеќе од 1.500 компании од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово за време на викендот добија вакцини против КОВИД 19 во Белград и Ниш. Од над 1700 пријавени македонски државјани преку ПКС, вакцини примија вработени од компаниите „Алкалоид“, „Тиквеш“, „Македонски Телеком“, „Млекара Битола“, „Македонија турист“, „Стопанска банка“ и „Витаминка“ од Прилеп.

Министерството за здравство вчера предупреди дека сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека по примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет.

– Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена, се додава во соопштението.

Германскиот министер без ресор Хелгер Браун вчера апредупреди на опасноста од појава на „супер сој“ на коронавирусот, која може да биде отпорен на вакцини против коронавирусот.

– За жал, сите стравови се остварија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација. Следните седмици ќе бидат одлучувачки за тоа дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинирањето расте и бројот на инфекции, тогаш расте и опасноста дека следната мутација ќе биде имуна на вакцината, објасни во интервју за „Билд“ Браун, кој по професија е лекар.

Германскиот министер порача дека со рано олабавување на мерките се загрозуваат шансите за нормално лето, нагласувајќи дека очекува ситуацијата да се подобри во мај, со напредокот на вакцинацијата и со потоплото време.

На Меѓународниот аеродромот во Скопје вчера пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ од Ковакс механзимот, преку кој до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“.

Вакцинацијата со вчера пристигнатите вакцини на „АстраЗенека“, произведени во Јужна Кореја, треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови, додека дозите од „Спутник В“ се наменети за ревакцинација на 3000 здравствени работници.

Министерот за здравство Венко Филипче при приемот на вакцините на „АстраЗенека“ на скопскиот аеродром информира дека со нив први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This